„Како може некој кој дава голови на секој натпревар да биде проблем?“

by riste
1 минути читање

Некои сметаат дека доаѓањето на Килијан Мбапе може да ја наруши идеалната атмосфера во Реал Мадрид и да има контраефект, но Анчелоти не верува во такво нешто.

„Марка“ пишува дека Анчелоти во интерен состанок рекол:

„Како фудбалер кој постигнува голови на секој натпревар може да биде проблем? Нема шанси. Таков проблем не постои“, рекол Анчелоти.

Во Реал Мадрид немаат сомнеж дека Мбапе ќе се вклопи во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани