63
Ибрахим Конате заработи повреда на мечот од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, а по прегледите познато е колку ќе биде во аут.
Дефанзивецот ќе мора да паузира околу пет-шест недели и се прогнозира дека ќе пропушти десет натпревари.
Првиот натпревар кој ќе го пропушти е големото дерби против Манчестер Сити, се очекува да не игра ниту на дербито со Манчестер јунајтед на 5. јануари.
Помеѓу двете дерби средби со екипите од Манчестер, екипата на Клоп ќе игра против: Њукасл, Евертон, Жирона (ЛШ), Фулам, Саутемптон (Лига куп), Тотнем, Лестер и Вест Хем.
На негово место ќе играат Џо Гомез или Џарел Кавнс.