Италијанците тврдат: Јувентус ја следи ситуацијата околу Модриќ

by Стефан
1 минути читање

Лука Модриќ во финишот од сезоната добива поголема доверба од Карло Анчелоти кој како да сака да го убеди да остане бидејќи неговиот договор истекува со завршувањето на сезоната.

Изгледаше дека истиот нема да биде продолжен, но во последните денови се најавуваше и пресврт во ситуација, сепак Модриќ и да го напушти Реал Мадрид опции сигурно ќе има.
На почетокот на сезоната 38-годишниот хрватски фудбалер не добиваше голема минутажа, меѓутоа во важните натпревари во финишот од сезоната тоа се промени и Модриќ повторно има важна улога.

Од клубот засега не зборуваат на темата за неговата иднина, молчи и Модриќ. Сега се шпекулира дека Модриќ има подготвен „план Б“ ако замине.

Интерес за Модриќ претходно покажаа Динамо и Интер Мајами, како и саудиските клубови, меѓутоа сега во игра наводно се вклучил и Јувентус.

„Тутомеркато“ тврди дека Јувентус ја следи ситуацијата со Модриќ и подготвува понуда во случај Хрватот и дефинитивно да не го продолжи договорот.

Јувентус е познат како клуб што знае да им даде шанса на искусните играчи, додека Модриќ би добил прилика и понатаму да игра во Лигата на шампионите. Како и да е летниот преоден рок не е далеку и останува да видиме што ќе се случува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани