Ова лето фудбалските фанови освен Европското првенство, ќе можат да уживаат и во жестоките битки на Јужна Америка. Од 20 јуни до 14 јули се играат и натпреварите од Копа Америка, а домаќин ќе бидат Соединетите Американски Држави.
За овој турнир КОНМЕБОЛ се реши за историски подвиг. Имено, на натпреварите од континенталното првенство на јужноамериканците правда ќе делат и неколку дами.
Станува збор за Едина Алвес од Бразил и Марија Викториа Пенсо од САД. Покрај нив, во ВАР собата ќе биде и Татиана Гузман од Никарагва, додека помошни судијки ќе бидат Неуза Бек, Мери Бланко, Мигдалиа Родригез, Брук Мајо и Катрин Незбит.
Ова ќе биде првпат на Копа Америка да бидат делегирани и женски судии.