84
Мохамед Салах влезе во последната година од договорот со Ливерпул и засега делува дека истиот нема да биде продолжен. Иако клубот сака да го задржи, фудбалерот од Египет размислува за нов предизвик.
„Црвените“ се подготвуваат за да бараат потенцијална замена, а според најавите гледаат кон Шпанија.
Се работи за Арда Ѓулер, турскиот офанзивец за кој Ливерпул би платил 70 милиони евра. Тој е желбата на клубот од „Енфилд“, но останува да се види дали Реал Мадрид би го продал младиот фудбалер.
Интересно е дека сезонава Арда Ѓулер нема никаков учинок, поточно на 11 натпревари нема гол ниту асистенција.