536
Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска го напушти Кристал Палас изминатата сезона и како слободен играч премина во Галатасарај, но по само една сезона би можел да се врати на Островот.
Заха потпиша договор на три години со турскиот гигант, меѓутоа и покрај тоа медиумите тврдат дека неговото враќање е можно.
Според информациите на турските новинари екипите на Вест Хем и Астон Вила се сериозно заинтересирани да го вратат Заха во Премиер лигата.
Посебно се истакнува интересот на Астон Вила, а со овој клбу Заха би имал можност да игра во Лигата на шампионите наредната сезона. Во актуелната Заха е на учинок од десет гола и пет асистенции.