Ерменија со 4-1 ја совлада Летонија во првиот меч од Лигата на нации, Ерменците во одлична атмосфера и со голема самодоверба ќе пристигнат на натпреварот против Македонија.
За разлика од нас кои кикснавме во Фарски острови, Ерменија ја оправда улогата на фаворит против Летонија и ги освои трите бода.
Ерменија поведе уште во 6. минута со гол на Бичакчјан, но три минути подоцна Харутујунан си постигна автогол за 1-1.
Во 35. минута и Летонците си постигнаа автогол преку Дубра, па Ерменија имаше предност на полувремето од 2-1.
На почетокот од вториот дел Зеларајан реализираше за 3-1, а во самиот финиш Спертсјан погоди за конечни 4-1.
Мечот меѓу Македонија и Ерменија се игра на 10. септември, вторник од 20:45 часот.