Еквадорската полиција го ослободи киднапираниот фудбалер, имало и пукање

by riste
1 минути читање

Минатиот викенд 33-годишниот фудбалер од Еквадор, беше киднапиран од пријател, полицијата во оваа земја успеа да го ослободи него и останатите кои биле дел од заложничката драма.

Во акцијата за спасување на киднапираните било употребено и оружје. Тие биле киднапирани со цел да се изнудат пари.

Фудбалерот бил киднапиран откако отишол на забава во градот Есмералдас. Полицијата ја лоцирала куќата во која биле чувани киднапираните, презела акција и успеала да ги ослободи.

„По собраните информации од страна на Единицата за борба против киднапирање и изнуда (УНАСЕ), успеавме да ја лоцираме куќата во руралното подрачје каде што се чуваа жртвите. По конфликтот кој го имаше со размена на оган, ослободивме две жртви за киднапирање и обид за изнуда“, се вели во соопштението на полицијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани