Еден од најдобрите голмани на светот никогаш не бранел на ЕП или СП, а така ќе биде и во Германија

by 24 фудбал
1 минути читање

Првиот голман на Барселона, Марк Андре Тер Штеген на уште еден голем собир ќе биде во втор план. Германскиот селектор Јулијан Нагелсман има потполна доверба во Мануел Ноер и тој ќе биде „единицата“ на претстојното Европско првенство.

На оваа тема голманот на каталонскиот тим зборуваше отворено и призна дека ситуацијата не е најдобра, меѓутоа нагласи дека е тимски играч.

Ситуацијата не е баш сјајна. Сепак, кога ќе се подвлече црта, јас имам одговорност кон тимот да помогнам на било кој начин. Му кажав на селекторот дека постои разлика меѓу спортот и човечноста. Сакам сите во тимот да имаат доверба во мене“, изјави Тер Штеген.

На оваа тема реши краток коментар да даде и првиот избор на селекторот Нагелсман, голманот на баварците Ноер, кој кажа:

„Ниту еден тренер никогаш не дозволил двајца голмани да ја делат минутажата. Секогаш е тешко да се донесе одлука. Марк ја разбира ситуацијата. Сепак, вистинска штета е бидејќи тој е врвен голман, но ова е само игра“.

Уште поинтересно е дека Марк Андре Тер Штеген иако има 40 настапи за германската репрезентација, никогаш нема брането ниту еден меч на едно Европско или Светско првенство, а веројатно така ќе биде и во Германија…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани