Еве како се заработува: Пристигна бесплатно, а сега Црвена звезда го продава за пет милиони евра!

by 24 фудбал
0 минути читање

 Црвена звезда продолжи да продава свои фудбалери. Новиот милионски трансфер се очекува да биде во Англија.

Според српските медиуми, во касата на Звезда ќе се инкасираат пет милиони евра за трансфер на младиот Марко Стамениќ. Нов клуб на фудбалерот од Нов Зеланд кој има српски корени се очекува да биде англиски Ковентри.

Да потсетиме, Стамениќ минатото лето пристигна во Црвена звезда бесплатно, а откако одигра 35 натпревари, клубот сериозно ќе профитира од трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани