Доби дозвола од Меси да шутне слободен удар и постигна прекрасен гол! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Интер Мајами со 3-2 победи на гостувањето кај Монтреал иако имаше негатива од два гола, Матиас Рохас го даде голот на мечот, а можеби и на колото.

Меси одигра цел натпревар, но немаше гол или асистенција, сепак Аргентинецот може да носи заслуги за првиот погодок на неговиот тим бидејќи му дозволи на Рохас да шутне слободен удар.

Интер Мајами губеше со 2-0. Во 44. минута беше досуден слободен удар за нив, речиси секогаш нив ги изведува Меси, но овојпат Рохас побара да шутне, а Аргентинецот му дозволи и не погреши. Матиас Рохас постигна фантастичен гол.

Некоја минута подоцна, во судиското продолжение од првиот дел, Суарез најдобро се снајде пред голот на Монтреал и погоди за израмнување на 2-2.

Победничкиот гол за Интер Мајами беше дело на Кремачи по 15 минути игра во второто полувреме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани