406
Наполи излезе со соопштение во кое потврди дека Џовани Ди Лоренцо не е на продажба и немаат намера да го продадат ова лето.
Претходно неговиот агент ја соопшти желбата на Ди Лоренцо за промена на клубот, но ставот на Наполи е толку цврст што го изразија со официјално соопштение.
„И покрај тврдењата од неговиот агент, Џовани Ди Лоренцо нема да биде продаден ова лето. Тој не е дел од фудбалерите кои треба да бидат продадени во преодниот рок“, соопшти Наполи.
Антонио Конте ќе смета на Ди Лоренцо како на еден од клучните играчи во составот.