74
Динамо Загреб загуби и од Осиек во 11. коло на ХНЛ со 2-4, а тоа беше дополнителен удар за шампионските амбиции.
Бранителот на титулата во моментов е на „минус седум“ во однос на Хајдук, меѓутоа тоа не е првпат. Слично беше и минатата сезона, а поради тоа оптимист е Марко Пјаца.
„Против Осиек почнавме добро и можевме да го решиме мечот на самиот старт, но не го направивме тоа. И минатата сезона се виде дека Динамо може да се врати од тешки ситуации. Се надевам дека ќе биде така и сега и дека ќе дојдеме до титулата“, смета Пјаца.
Хајдук има 27 бода, шест повеќе од Риека, додека Динамо Загреб е на 20.