Динамо во огромни проблеми: Бјелица за натпреваот со Селтик не може да смета на 13 фудбалери

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Динамо Загреб во огромни проблеми го дочекува натпреварот против Селтик во Лигата на шампионите.

Хрватскиот гигант е на 23. место со седум бодови, оддека Селти ке три места погоре со бод повеќе. Победа „модрите“ би ги довело блиску до пласман во плеј-оф рундата, но тренерот Бјелица ќе има големи проблеми во составувањето на тимот за оваа средба.

За овој натпревар Динамо не може да смета на дури 13 фудбалери, а помеѓу нив е и Аријдан Адеми. Покрај македонскиот фудбалер во „аут“ се: Бруно Петковиќ, Аријан Адеми, Иван Невистиќ, Такуја Огиваро, Петр Сучиќ, Мауро Перковиќ, Јосип Мишиќ, Хуан Кордоба и исфрлениот Сами Мае.

Неизвесен за настап е и стандардниот стопер, Раул Торенте, додека Мартин Баутирна иако со мала повреда веројатно ќе настапи. Мали проблеми има и Стефан Ристовски, но според најавата на Бјелица се очекува тој да биде во тимот.
Натпреварот помеѓу Динамо и Селтик се игра во терминот од 18:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани