Дибала во двоумица, да остане во Рома или да се обиде да избоксува трансфер во ПЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Пауло Дибала ги разгледува опциите за својата иднина. Аргентинецот има желба да остане во Рома, меѓутоа двоумици му прави потенцијалното заминување во Премиер лигата.

Тој има договор со Рома до следното лето, но и клаузула за заминување уште ова лето за ниски 12 милиони евра за странски клубови, како и 20 милиони за Италијанците. Дибала го влече помислата првпат да заигра во најсилната лига на светот, а гледајќи ја неговата кариера можеби ова е последната шанса за такво нешто, барем во клубовите од горната половина во Англија.

Желбите на Дибала му велат да остане на „Олимпико“ до крајот на договорот и да се обиде да избори пласман во Лигата на шампионите. Аргентинскиот офанзивец пристигна бесплатно од Јувентус во 2022 година, а оттогаш одигра 77 натпревари и даде 34 гола. Сепак, проблемите со повредите продолжија да го мачат и во изминатите две сезони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани