86
Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Де Ла Фуенте го објави списокот на фудбалери за престојните мечеви во Лигата на нации, а интересно е тоа што нема ниту еден играч на Реал Мадрид.
Де Ла Фуенте не викна ниту еден играч од актуелниот шампион, но се чини дека тоа е и логички избор ако се знае дека Дани Карвахал е повреден, а покрај него има уште четворица шпански фудбалери Лукас Васкез, Дани Себаљос, Фран Гарсија и Хесус Ваљехо.
Од овие четворица можеби Лукас Васкез е најблиску до репрезентацијата, но Де Ла Феунте смета дека ниту тој не е доволно добар за да биде во составот.