72
Еден од најспектакуларните голови во фудбалскиот свет беше постигнат на денешен ден пред точно 12 години, а беше дело на Златан Ибахимовиќ.
Во пријателски дуел тогаш Шведска со 4-2 ја победи Англија, а Ибрахимовиќ ги постигна сите четири гола за својата репрезентација.
Англија водеше до 77. минута со 2-1, а до крајот на мечот Ибрахимовиќ постигна уште три гола за победа на Шведска од 4-2. Последниот гол со ножички од огромна далечина, вечно ќе се памети.