Дани Карвахал е играч на натпреварот во финалето! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Бекот на Реал Мадрид, Дани Карвахал е прогласен за играч на натпреварот во финалниот натпревар од Лигата на шампионите кој кралскиот клуб го доби со 2-0 против Борусија Дортмунд.

Карвахал го отвори резултатот со гол на глава по центаршут од корнер. Иако е еден од најниските на теренот, тој погоди со глава и ова не беше случајно.

Реал Мадрид и пред постигнувањето на голот се обиде со центаршут на Карвахал, тогаш не успеа, но очигледно ова им беше вежбана тактика која ја направи разликата.

Покрај голот, Карвахал и севкупно одигра одличен меч и на крајот заслужено ја доби наградата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани