88
Дани Алвес по 14 месеци во затвор во Барселона поради обвиненија за сексуален напад беше пуштен на условна казна на 25 март.
За такво нешто беше платен еден милион евра, а оттогаш Бразилецот се обидува да го нормализира животот. Интересна ситуација се случи на еден локален терен во Барселона.
Имено, Алвес преку апликација која се користи за пронаоѓање на играчи и противници за аматерски фудбал незнаејќи го идентитетот на останатите се појави на мал фудбал.
Соиграчите веднаш го препознаа легендарниот фудбалер на Барселона и Бразил кој е меѓу најтрофејните фудбалери на светот. Тој на „терминот“ се појавил во дрес на Бока Јуниорс.
— seguir a @juegosimple__ (@ssvideos8) September 4, 2024