112
Дани Алвес реши да се врати на социјалните мрежи, првпат откако беше осуден и мина време во притвор поради силување.
Бразилската легенда доби затворска казна од четири ипол години од страна на судот во Барселона поради силување на девојка во ноќен клуб. Сепак, тој беше пуштен на слобода откако беше исплатена кауција во висина од еден милион евра. Иако имаше и жалба до обвинителството за таа одлука, Алвес остана на слобода.
Сега поранешниот бразилски бек реши да се врати и на социјалните мрежи, тој го активираше својот Инстаграм профил и објави фотографија со маичка на која имаше натпис: „Добри времиња доаѓаат“.