69
Хакан Чалханоглу изведе мајсторија во мечот од второто коло на Лигата на шампионите на неговиот Интер против Црвена Звезда.
Турскиот репрезентативец перфектно изведе слободен удар во српската мрежа. Имаше прекршок на околу 25 метри, а иако не беше на неговата страна Турчинот презеде одговорност.
Со перфектен удар и топка која вртеше незгодно кон голманската страна од голот, тој го погоди самиот агол за ефектна завршница.