Гачевски: Целта на сезоната е исполнета, а во наредната – одиме по титула!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Вардар и следната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига, откако го доби бараж натпреварот против Детонит Плачковица со 2-0.

Откако ја остварија зацртаната мисија, а тоа беше опстанок во лигата, вардарци прославија со навивачите во Струмица. Како и често низ годините, моќна порака преку социјалните мрежи испрати голманот Филип Гачевски, кој напиша:

Браво за сите кои се дел од овој тим, целта е исполнета. Секоја чест и за нашите „Комити“. Тоа што го ветивме – го исполнивме. Наредната сезона одиме по титула! Еден живот, една љубов. Да живее Вардар и Македонија“, порача голманот на вардарци.

Битката за опстанок во првенството беше навистина грчевита, меѓутоа Вардар под тренерска палка на Горазд Михајлов успеа во своите намери и пак ќе игра во ПМФЛ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани