Во Унгарија се местат натпревари и во детските лиги! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Детските лиги обично важат за најчистите натпреварувања, но од Унгарија ни доаѓа пример дека ниту тие не се свети повеќе.

Во унгарска лига за деца до 14 години, на тимот на Керекечази му била потребна победа од 42 разлика во последното коло за да стане шампион.

Тие победиле со 43-1 и ја освоиле лигата.

Од Унгарската фудбалска федерација е покрената истрага за овој натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани