239
Џенаро Гатузо неодамна го презема сплитски Хајдук, а како што стојат работите неговото доаѓање може да биде само почеток во сплитскиот тим.
Денеска хрватска „Индекс“ пренесува дека Хајдук работи и е се поблиску до доведување на Един Џеко и Иван Ракитиќ.
Двајцата фудбалери се под договори Ракитиќ со Ал Шабаб, Џеко со Фенербахче, но се верува дека Хајдук може да ги убеди, а токму Гатузо би одиграл клучна улога како доказ за големиот проект кој се подготвува.
Целиот проект го води Никол Калиниќ кој ја извршува функцијата спортски директор.