ВАР не дозволи победа на Арсенал во лондонската пресметка со Фулам (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Екипата на Арсенал не успеа да слави во натпреварот од 15. коло во Премиер лигата и избраниците на Микел Артета одиграа само 1:1.

Фулам прв стигна до водство по само 11 минути игра и тоа беше единствениот гол во првото полувреме, па домаќините имаа водство на паузата.Арсенал во второто полувреме брзо стигна до израмнување и во 52. минута дефанзивецот Салиба се запиша во листата на стрелци.

Арсенал до крајот ја презема иницијатива, а преку Сака и ја погоди мрежата во самата завршница, сепак тој гол беше поништен по реакција на ВАР.

На табелата Арсенал сега има 29 бода, додека Ливерпул со натпревар помалку на врвот на табелата е на 35. Челси кој денеска го игра дербито со Тотнем е трет со бод помалку.

Бортмут во преостантите два натпревари кои се играа во истиот термин ја запиша единствената победа и тоа над Ипсвич со 1:2, додека средбата помеѓу Лестер и Брајтон заврши со резултат 2:2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани