Варди капитенски го предводеше Лестер до враќање во Премиерлигата, а на прославата воодушеви со еден потег! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Лестер синоќа загуби од Блекбурн со 2-0 на својот стадион, но на никој не му е грижа за тој пораз бидејќи во претходното коло ја заверија титулата во Чемпионшип и враќањето во Премиерлигата.

Џејми Варди оваа сезона беше најдобар стрелец на Лестер со 18 постигнати гола. Тој во клубот е од 2012 година, а беше еден од клучните за историската круна во Премиерлигата во 2016.

Напаѓачот 12 години му е верен на Лестер, не го остави тимот и кога тој испадна од Премиерлигата иако по освоената круна постојано имаше понуди да замине.

Неговата големина ја покажа и на доделувањето на пехарот за освоениот Чемпионшип. Како капитен тој требаше да го крене пехарот, но не сакаше тоа да го направи сам, ги повика Марк Олбрајтон и Рикардо Переира да му се придружат и заедно тројцата да го кренат.

37-годишниот Варди не планира да стави крај на кариерата, ќе го предводи нападот на Лестер и следната сезона во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани