Бруно Фернандеш: Од Олд Трафорд ќе заминам само клубот кога ќе ме избрка!

by riste
1 минути читање

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш зборуваше за својата иднина по честите шпекулации кои го поврзуваат со заминување.

Во последниот период се шпекулира дека Португалецот би можел да направи трансфер во Ал Наср, но тој вели дека нема ништо од тоа и неговата желба е да остане на Олд Трафорд.

„Ќе бидам тука додека клубот ме сака и додека клубот сака да бидам дел од иднината. Доколку поради некоја причина тие престанат да ме сакаат, само тогаш ќе си заминам“, рече Бруно Фернандеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани