„Бомба“ од Островот: Манчестер Сити нуди пари и играч за ѕвездата на Реал?!

by Стефан
1 минути читање

Според последните информации од Островот, Манчестер Сити нема намера да се откаже од намерата да го доведе фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго Гоеш.

Во редовите на англискиот шампион разгледуваат неколку опции за преговорите со Реал Мадрид и изгледа дека некакво „решение“ веќе имаат пронајдено.

Имено, Манчестер Сити за Родриго на „кралевите“ е спремен да им исплати сума од 40 милиони евра и да го понуди Бернардо Силва.

Јасно е дека со доаѓањето на францускиот голгетер, Килијан Мбапе, минутажата на Родриго ќе се намали, па ваквата опција можеби е најдобра за сите страни.

Се најавува дека во Реал немаат намера да им прават проблем на фудбалерите кои сакаат да заминат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани