54
Звонимир Бобан пред неколку години доби отказ од менаџерските позиции во екипата на Милан.
Тој беше директор во клубот од „Сан Сиро“, а тогаш челниците решија предвдемено да му ја прекинат соработката. Милан реши да не го обештети Хрватот, па тоа не му се допадна нему и клубот го даде на суд.
По неколкугодишна битка, Бобан успеа да ја добие правната борба.
Милан е должен да му исплати речиси пет милиони евра поради отпуштањето за кое е оценето дека е без легитимна причина.