101
Младиот дефанзивец Јаник Бисек е пред потпис на нов договор со екипата на Интер.
„Нераѕурите“ не сакаат да ризикуваат, ама сакаат и да го наградата младиот стопер за добрите партии. Бисек се очекува да стави потпис на договор до јуни 2029 година.
Сè е договорено меѓу двете страни и во следните денови се очекува официјален потпис и презентација на договорот.
Инаку, ова доаѓа непосредно по перфектната партија на Бисек во Лигата на шампионите против Арсенал. Стоперот беше еден од најдобрите во тимот и меѓу најзаслужните што италијанскиот клуб забележа триумф.