72
Коринтијанс го победи Палмеирас со 2-0 во бразилската Серија А, но овој натпревар го одбележа една бизарна сцена.
Во момент кога Рафаел Веига требаше да изведе корнер, на тревникот беше фрлена свинска глава. Сакајќи да ја отстрани до неа се приближи Јури Алберто, ја шутна и за малку не се повреди.
„Малку недостигаше да ја скршам ногата. Мислев дека е перница“, прокоментира Алберто по натпреварот.
Оваа ситуација веднаш потсети на „Ел Класико“ од 2002 година кога навивачите на Барселона му фрлија свинска глава на „предавникот“ Луис Фиго кој замина да игра за Реал Мадрид.
A real pig's head was thrown on the pitch in the Corinthians vs Palmeiras game…
— george (@StokeyyG2) November 4, 2024
Madness. pic.twitter.com/HOCN2neDFK