Беќири: Лани бевме три, а сега пет екипи се борат за трофејот во ПМФЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Шкендија во последното есенско коло одигра без голови со Гостивар (0-0), а тоа му дозволи на Силекс да го преземе врвот пред зимската пауза во ПМФЛ.

Натпреварот против Гостивар го одигравме доста квалитетно. Се судривме со еден од најдобрите македонски тимови. Доминиравме, создадовме чисти шанси, ама не реагиравме како што треба во клучни моменти. Понекогаш за победа е потребна и доза на среќа“, смета Беќири.

Зборуваше тренерот на тетовчани и за трката за титулата во мак-фудбалот.

Ќе биде многу интересна сезона до крајот. Лани за трофејот се боревме три екипи, а сега дури пет. Потешко е да се освои трофејот. Нашата цел е да одработиме добри подготовки, да ја кренеме формата на фудбалерите и максимално подготвени да го дочекаме вториот дел од сезоната“, заклучи Беќири.

Сега следува период за одмор, а натпреварите од 19. коло се планирани за 16 февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани