Беше херој на Реал Мадрид, а сега се разболе и ќе го пропушти финалето

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21:00 часот на стадионот „Вембли“ ќе го играат финалето во Лигата на шампионите.

Пред борбата за 15. европска титула голманот Андреј Лунин изминатите денови се борел со вирус.
Украинецот имал висока температура, но сега започнал да се опоравува и стручниот штаб му дозволил да тренира.

Меѓутоа во страв од ширење на вирусот тој тренирал одвоено и понатаму не е заедно со тимот. Анчелоти одлучил Лунин да тренира индивидуално и поради тоа веројатно ќе биде резерва во финалето.

Лунин во сезоната влезе како трет голман зад Куртоа и Аризабалага, но ја искористи повредата на Куртоа и несигурноста на Аризабалага, па запиша 31 натпревар. Посебно се истакна во четвртфиналето против Манчестер Сити во кое одбрани пенали на Ковачиќ и Бернанрдо Силва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани