Беше суспендиран поради обложување, се врати и одигра само 20 минути – па доби повик од Италија за ЕП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Италија ќе го брани трофејот на Европското првенство, а селекторот Лучијано Спалети го објави списокот на играчи за турнирот во Германија.

На поширокиот список од 30 фудбалери имаше место за едно изненадување. Спалети покажа дека му верува на младиот и талентиран Николо Фаџоли од Јувентус, иако тој во последните седум месеци не играше фудбал. Фаџоли беше суспендиран поради нелегално обложување, а по кам-бекот одигра само дваесет минути против Болоња, сепак се најде на списокот на селекторот.

Италијанците имаат тешка задача бидејќи одбраната на трофејот ќе мора да ја бараат преку група во која се најдоа уште Шпанија, Хрватска и Албанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани