Беше најдобар стрелец на Африканскиот куп, а 11 години игра без дозвола од ФИФА!

by 24 фудбал
1 минути читање

Неверојатна приказна доаѓа од африканскиот континент, поврзана со напаѓачот на Екваторијална Гвинеја, Емилио Нсуе.

34-годишниот играч веќе 11 години настапува за оваа репрезентација, меѓутоа нема дозвола од ФИФА за такво нешто. Нсуе во 2013 година добил дозвола од шпанскиот сојуз, но не и од Светската фудбалска организација за промена на репрезентацијата. Проблем претставува фактот дека има репрезентативни настапи за У21 селекцијата на Шпанија на официјални натпревари, а претходно немал пасош од Екваторијална Гвинеја.

Иако не добил дозвола од ФИФА, Нсуе почнал да си настапува за оваа африканска селекција. Оттогаш има 43 натпревари во националниот дрес и 22 погодоци. ФИФА веќе ја казни Екваторијална Гвинеја со тоа што ѝ одзеде две победи од квалификациите за Светското првенство во 2026 година против Намибија и Либерија во кои Нсуе беше стрелец.

ФИФА во моментов ги разгледува сите механизми и начини на кои може да го казни Емилио Нсуе. Инаку, неговата кариера во Европа се движеше низ Мајорка, Кастељон, Реал Сосиедад, Мидлзброу, Бирмингем, АПОЕЛ, Аполон, Тузла и Интерсити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани