Федерико Киеза и понатаму е во години кои може да направи ввраќање на големата сцена, но по проблемите со повреди во овој момент Италијанецот не е истиот фудбалер како од пред некоја година кога беше веројатно и најдобриот италијански фудбалер.
Ливерпул ризикуваше со него и го доведе изминатото лето од Јувентус, меѓутоа сега Киеза настапува за резервниот состав на фудбалер со играчи до 21 година.
Од доаѓањето за Ливерпул запиша само три натпревари и не изгледа дека може да добие сериозна прилика кај Арне Слот.
На последниот натпревар во тимот до 21 година Киеза и постигна гол против младинците на дански Нортсјеланд за 1:1.
Le But de Chiesa avec les U21 !!!!!
— 𝗗𝗔𝗥𝗪𝗜𝗭𝗭𝗬 🔎 🇺🇾 (@darwizzyscout) December 4, 2024
Belle passe D de Tom Hill. https://t.co/52S50D7PC7 pic.twitter.com/1MJHeVJk0M
Крилниот напаѓач ќе продолжи да игра за У21 тимот додека е потребно, а ако се врати во потребната форма Слот веројатно ќе му даде минутажа. Кариерата на Киеза тргна во надолна линијата откако беше еден од главните играчи на Италија со која го освои Европското првенство во 2021 година.