Бетис двапати водеше, но не го победи Лас Палмас (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Реал Бетис направи чекор назад во битката за пласман во Лигата на Европа откако вечерва ремизираше со Лас Палмас (2:2).

По 20-тина минути игра Бетис дојде до водство со автоголот на Мармол, но Алекс Суарез донесе изедначување за Лас Палмас само седум минути подоцна. На паузата се замина со по еден гол на двете страни.

Брзо по почетокот на вториот дел Перез донесе второ водство за Бетис. Сепак, ниту таа предност не беше доволна да се радуваат на трите бода бидејќи Мореиро во 64. минута ги постави конечните 2:2.

На табелата Сосиедад со овој бод дојде до бројката од 56 на шестата позиција и му даде прилика на Реал Сосиедад кој има 54 со победа против Валенсија да го прескокне, шестата позиција е последна од Шпанија која води во Лигата на Европа.

Од друга страна Лас Палмас со 38 бода скоро и да го има обезбедено опстанокот бидејќи Кадиз кој е прв под цртата има шест бода помалку, а до крајот има уште две кола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани