Одличниот фудбалер на Баер Леверкузен и репрезентативец на Германија според последните информации е блиску до преселба во редовите на Барселона како слободен фудбалер, објави Фабрицио Романо.
Тах минатата сезона како капитен го предводеше Баер до двојната во Германија и до финалето во Лигата на Европа.
Неговиот договор истекува на крајот на актуелната сезона и се најавуваше дека ќе премине во Баерн, но изгледа дека Барселона реагирала побрзо.
Баерн и Тах преговараат уште од лето и во Минхен сакаа да почекаат бидејќи договорот му важеше само уште една година. Изгледаше дека оди сигурно во Минхен, меѓутоа ситуацијата во последен момент се променила.
Според информациите на Романо, спортскиот директор на Барселона, Деко во текот на вчерашниот ден допатувал во Леверкузен и се сретнал со Тах и неговиот менаџер Пини Захави.
Наводно на таа средба преговорите напредувале толку добро што сега трансферот е пред реализација. Во дресот на Леверкузен, Тах собра 374 натпревари, постигна 15 голови и додаде 12 асистенции.