Барнли испадна од Премиер, Тотнем ѝ пресуди на екипата на Компани (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Претпоследното коло на Премиер лигата го даде и вториот патник во Чемпионшип. Екипата на Барнли со пресврт загуби на гостувањето кај Тотнем (2-1) и со тоа остана без математички шанси за опстанок. Избраниците на Винсент Компани поведоа преку Брун Ларсен, меѓутоа „петлите“ со погодоците на Педро Поро и Ван де Вен дојдоа до пресврт победа.

Во трката за Европа, Тотнем му побегна на Њукасл и сега е на плус шест бода. „Страчките“ на својот „Сент Џејмс Парк“ одиграа нерешено против Брајтон (1-1), а стрелци беа Велтман и Лонгстаф во првиот дел.

Слична судбина како Барнли и Шефилд го чека и Лутон Таун, кој загуби со 3-1 на гостувањето кај Вест Хем. Сега со меч повеќе Лутон заостанува три бода зад Нотингем Форест, а „шумарите“ имаат и подобра гол-разлика па се пред опстанок.

На останатите терени Брентфорд се радуваше кај Борнмут (1-2), Евертон го совлада Шефилд (1-0) и Кристал Палас победи на гости кај Вулверхемптон (1-3).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани