74
Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели се врати во Серија А и ќе го носи дресот на Џенова.
Балотели денеска пристигна во просториите на клубот каде што ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор.
Договорот на Балотели со Џенова ќе има важност до јуни 2025 година, а ќе игра за плата од 400.000 евра неделно.
Во својата кариера Балотели играше за големи клубови како Милан, Интер, Ливерпул, Манчестер Сити…како и за италијанската репрезентација, но поради неговиот темперамент никогаш не оствари кариера каква што се очекува.
За Џенова потпишува како слободен играч, а последниот ангажман го имаше во Турција во Адана Демирспор.