Балак: Ова е брутално, победата на Реал е заслужена – но контроверзна!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ситуацијата на крајот на дербито меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен крена огромна прашина. Еден од тие кои јавно ја коментираа ситуацијата и укажаа на грешката беше легендарниот германски фудбалер Михаел Балак. Тој беше гостин на телевизиска емисија посветена на полуфиналето, а по мечот „удри“ по судиите.

„Ова е брутално, на моменти останував без зборови. Победата на Реал не е незаслужена, ама е многу контроверзна. Кога Баерн одигра долга топка, судијата направи грешка и така му помогна на Реал. Лошо беше што поради тоа ВАР не можеше да биде вклучен бидејќи судиите направија очигледна грешка. Ова не смее да се случува. Токму бидејќи ситуацијата беше тесна, мора да почека, а линискиот судија го крена знаменцето. Не знам зошто го крена толку рано. Можам да се ставам себеси во таа ситуација. И јас сум доживеал контроверзни одлуки против себе. Луѓето мислат дека денес со ВАР ќе биде почесно, но тука гледаме грешки кои се повторуваат“, изјави Балак.

Самиот Балак ја претрпе една од најголемите неправди во фудбалот, во 2009 година на натпреварот меѓу Челзи и Барселона во кој „сините“ беа очигледно оштетени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани