Баерн Минхен почнал разговори за ангажман на Бруно Фернандеш!

by riste
1 минути читање
Фернандеш

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш е мета на Баерн Минхен, но интерес има и од Барселона која сепак не е финансиски моќна во моментов.

Португалскиот весник „Ожого“ тврди дека Баерн Минхен имал разговори со агентот на Бруно Фернандеш, Мигуел Пињо.

Се разговарало за можноста португалскиот фудбалер да се пресели на Алијанц арена.

Фернандеш сега ги почнува подготовките со Португалија за настап на Европското првенство, а неговиот агент ќе треба да ја води операцијата за негово заминување од Олд Трафорд.

Наводно Бруно Фернандеш е желба на новиот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани