Eкипата на Баерн Минхен вечерва гостува на украински Шахтјор во рамките од Лигата на шампионите, а за овој натпревар тренерот Компани се соочува со сериозни проблеми со повреди.
Имено, Баерн не може да смета на дури деветмина фудбалери и последен на листата повредени е Мануел Ноер кој се повредил во натпреварот од Купот на Германија.
Како што пренесуваат медиумите, Нојер се здобил со скршеница на ребро, а повредата ја заработил во моментот кога играше со рака надвор од својот шеснаесетник и како последица на тоа доби црвен картон. Натпреварот против Леверкузен, Баерн на крајот го загуби со 0:1.
Очекувањата се Нојер да паузира околу еден месец и тоа значи дека за него 2024 година е завршена и на терените ќе се врати на почетокот на 2025.
Надвор од тимот поради повреди уште се: Хари Кејн, Свен Улрајх, Јосип Станишиќ, Хироки Ито, Алфонсо Дејвис, Жоао Палиња, Серж Гнабри и Кингсли Коман.