Атанасов: Покажавме зрелост, а мечот го загубивме на две мали грешки

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонија со пораз од Чешка ја затвори сезоната 2023/24. Неуспехот во Храдец Кралове (2-1) беше трети во низа на нашиот национален тим, иако момците на Милевски одиграа солидно против фаворитот.

По овој пораз на јавноста ѝ се обрати Јани Атанасов кој го анализира одиграното во овој циклус.

„Противникот доби два пенали како што ги доби и ние доживеавме пораз. Одигравме еден борбен меч, покажавме дека сме зрели тактички и дека можеме да се носиме со секого. Со две наши мали грешки, го загубивме мечот. Сигурно е дека тие грешки не сакавме да ги направиме, но фудбалот е таков. Секогаш може да играме похрабро, со вакви репрезентации мора да имаме самодоверба и да одиме на победа. Се надевам дека ќе работиме на тоа и ќе го покажеме во септември“, изјави Атанасов.

Во следниот циклус на Лигата на нациите нашата репрезентација ќе игра против Фарски Острови, Ерменија и Летонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани