Астон Вила сака да го врати Грилиш!

by riste
1 минути читање

Џек Грилиш би можел да се врати во Астон Вила во летниот преоден рок, шпекулираат дел од англиските медиуми.

Наводно, Грилиш е ѕвездата на Сити која има најреални шанси да замине од Етихад по крајот на сезоната.

Астон Вила ја следи ситуацијата и е подготвена да реагира, да го донесе Грилиш кој е легенда на овој клуб.

Тимот на Емери следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите, а тоа дополнително би можело да го привлече Грилиш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани