283
Шпанецот Унаи Емери и во следните пет години ќе биде тренер на Астон Вила.
Емери денес стави потпис на договор со премиерлигашот до 2029 година. На клупата на Астон Вила, Емери пристигна во 2022 година на местото на Стивен Џерард и во тие моменти клубот беше во тешка ситуација и се бореше за опстанок.
По неговото доаѓање Емери ја препороди Астон Вила и оваа сезона испиша историја со пласманот во Лигата на шампионите.