Арне Слот не го сака најскапиот играч на Ливерпул, ќе го менува за фудбалер од Астон Вила!

by riste
1 минути читање

Новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот нема да смета на Дарвин Нуњез кој е најскапото засилување во историјата на клубот, тој го сака Оли Воткинс за нов напаѓач.

Дарвин Нуњез зад себе нема лоши бројки, но има премногу промашувања, а тоа очигледно не му се допаѓа на Слот кој нема да смета на Уругваецот, барем така тврди „Сан“.

Желба на Слот е напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс.

Астон Вила која ќе игра во Лигата на шампионите сигурно нема лесно да се откаже од Воткинс, па Ливерпул ќе треба добро да го одврзе ќесето за да го добие.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани