Араухо со објава на инстаграм ги подгреа шпекулациите за трансфер на Дарвин во Барса! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Излегоа некои шпекулации дека Дарвин Нуњез од Ливерпул ќе се пресели во Барселона во летниот преоден рок, а Роналд Араухо само дополнително ги запали таквите гласини.

Дарвин Нуњез неодамна ги избриша сите слики од Ливерпул на инстаграм со што даде знак дека ќе замине од клубот.

Откако излегоа шпекулации дека тој би можел да оди во Барселона, реагираше Араухо.

Тој на стори постираше селфи со Дарвин Нуњез и напиша: „Мој брат“.

Дарвин Нуњез и Роналд Араухо се соиграчи од репрезентацијата на Уругвај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани