864
Eкипата на Реал Мадрид ќе биде ослабена за вечерашниот натпревар против Жирона на македонскиот напаѓач, Бојан Миовски.
Имено, како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Родриго заработил нова повреда поради која ќе мора да отсуствува од терените.
Засега не е познато дали станува збор за нешто посериозно, но вечерва сигурно нема да биде во комбинација за настап.
Бразилецот беше повреден и неодамна, а на терените се врати минатата недела. Медиуите шпекулираат дека поради краткиот временски период од првата повреда и сегашната, Реал нема да ризикува со Родриго и ќе го остави надвор од терените до крајот на календарската година.