Англичаните загрижени: Бурни реакции на Островот по вчерашниот пораз

by Стефан
1 минути читање

Според букмејкерите Англија е првиот фаворит за Европското првенство, но вчера „Гордиот Албион“ сензационално изгуби од Исланд (0:1) во последниот натпревар пред почетокот на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Саутгејт целосн потфрлија и одиграа еден лош натпревар. Како играа доволно зборува податокот што имаа само еден удар кон противничкиот гол.

Одлучувачкиот момент на натпреварот беше голот на Џон Дагуер Торштајнсон. По крајот на натпреварот незадоволните англиски навивачи со свирежи ги испратија фудбалерите.

Денеска реагираат и најпознатите медиуми на Островот, „Би-Би-Си“ го нарече настапот доасен и тажен, „Сан“ порача дека „шампањот не мараз“ и дека Англија одиграла „во духот на минатото“, додека „Дејли Мејл“ објави дека Саутгејт морал да ги прифати свирежите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани